Почина хрватскиот актер кој се прослави во улогата на Тарзан
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/19 9:15 AM

Почина хрватскиот актер кој се прослави во улогата на Тарзан

Почина Стјепан Стеве Шипек, актер кој се прослави во улогите на Тарзан. Смртта го затекна во болница во Северна Флорида, САД, на 23 јуни во 78. година од животот.

Риден е во близина на Забок, Хрватска, а, на повик на својата мајка, се преселил во Канада кога имал 17 години. Таму поминал пет години, занимавајќи се со борење и пливање, а, инаку, по занимање бил машинобравар.

Од Канада се преселил во Мајами, каде што бил забележан од филмски продуценти. Најчесто глумел во филмови од шпанско-италијанска копродукација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7