Стоилковски: Уште колку долго Обвинителството ќе се прави глуво за Курто Дудуш
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/25/19 5:02 PM

Стоилковски: Уште колку долго Обвинителството ќе се прави глуво за Курто Дудуш

По вчерашната реакција, ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара одговорност од надлежните за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој според аудио снимката што беше објавена на порталите, наводно затворил едно лице во својата канцеларија, при тоа тепајќи го.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски оцени дека ваквиот случај е скандалозен и побара Обвинителството да се произнесе за него.

„Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин. Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува. Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо? “, праша Стоилковски на денешната прес конференција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7