Војводина: Во Таванкут се слушаат српска и хрватска химна, а никој не ги исвиркува - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/25/19 12:00 PM

Војводина: Во Таванкут се слушаат српска и хрватска химна, а никој не ги исвиркува

 

Се’ до јуни 2016 година Таванкут за огромното мнозинство граѓани на Хрватска, кои воопшто слушнале за таа населба, беше село недалеку од Суботица населено со мнозинско хрватско население. Тогаш се случи официјалната средба на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и тогашниот српски премиер Александар Вучиќ, која на Таванкут му даде сосема нова димензија, пишува „Вечерњи лист“.

Оттогаш поминаа три години и Таванкут деновиве беше повторно една од медиумските вести на денот. Имено, на фудбалското игралиште во тоа село, на кој настапува војводинскиот лигаш ОФК „Таванкут“, се одигра пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентацијата на Хрвати од Србија и репрезентацијата на Срби од Хрватска.

Трибините на стадионот беа преполни од луѓе од тој крај, а мечот предизвика и интерес на јавноста во Србија и во Хрватска. Беа интонирани „Лијепа наша“ и „Боже правде’, а притоа не се слушна ниту еден свиреж или повик. Занимлив беше и погледот на трибините, каде можеа да се видат граѓани со дресови на хрватската репрезентација, како и деца облечени во дресови на сплитски „Хајдук“, како и на некогашната кошаркарска репрезентација на СФРЈ.

„Соживотот е одличен, но имаме други проблеми – малите плати, лошата селска инфраструктура… На пример, живееме во центарот на селото, а немаме ни пивка вода ни канализација. Со години мора да купуваме вода од продавници“, изјави Ивана Дамјановски.

Селото денес има околу 4.000 жители.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7