– ММС
Вести Свет

Тајниот живот на Борис Џонсон, фаворитот за наследик на Тереза Меј: Армија љубовици, абортуси, измами

Членот на британскиот парламент и фаворит во трката за наследник на Тереза Меј на функцијата британски премиер важи за голем заводнк – најмалку пет негови вонбрачни врски беа предмет на пишувањето на британските медиуми, а за две негови љубовници се знае и дека забремениле.

Кога лани во септември беше откриена неговата врска со Кери Сајмнондс, тој и сопругата Марина Вилер, со која долго беа во брак, поднесоа барање за развод. Нивната ќерка, 26-годишната Лара Џонсон, која е малку помлада од Џонсоновата љубовница, наводно за својот татко рекла дека е „себично ѓубре“.

Љубовниот живот на поранешниот секретар за надворешни работи се најде во фокусот на интересирањето откако деновиве соседите повикале полиција поради расправија во куќата на Сајмондсови во Лондон каде што во моментот живеат. Тоа донекаде ја раздрма неговата борба за власт. Соседите на Кери Сајмнондс, која е 31 година помлада од Џонсон, ја повикале полицијата во раните утрински часови откако слушнале многу бучна расправија помеѓу Борис и Кери.

МИА

Лограње

X

Регистрација