ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/19 9:30 AM

Поради зараза, во Кина и во Виетнам убиени милиони свињи

Во Кина и во Виетнам се убиени милиони свињи откако Агенцијата за храна на Обединетите нации ги повика азиските власт да се справат со заразната африканска свинска чума, која е смртоносна за свињите, а неопасна за луѓето. Некои експерти сметаат дека во прашање е едно од најголемите ширења епидемија во историјата.

Агенцијата за храна во извештајот наведува дека во тој регион се убиени повеќе од три и пол милиони свињи откако епидемијата минатиот август изби во Кина.

Таа се шири и во Лаос, а помало заболување има во Хонг Конг, Тајван, Северна Кореја, Камбоџа и во Монголија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7