– ММС
Свет

Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

Франција и Германија се едни од ретките европски земји кои би можеле да профитираат од ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, предупредуваат економистите од Barclays.

Американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос, повторил во понеделникот дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да воведе нови царини на останатиот 300 милијарди кинески увоз ако не дојде до трговски договор.

Меѓутоа, Кристијан Келер, шеф на економските истражувања во Barclays, во неговата анализа наведува, како дополнителните американски наметнувања би можеле да доведат до замена во меѓународна трговија, и поради тоа некои од европските земји би можеле да го заменат САД, пишува CNBC.

– Франција, Германија, но и Велика Британија имаат најголеми шанси да станат нови сојузници на Кина и целосно да го заменат САД – истакнува Келер.

Експертите од Barclays нивната теза ја базираат токму на најлошото сценарио во кое САД би вовел 25 проценти царина на речиси сите кинески стоки, со што  билатералната трговија ќе се намали за околу 30 проценти.

Во тој случај, тимот на Келер очекува загуба од 0,1 проценти БДП во еврозоната која е базирана на трговијата помеѓу САД и Кина која изнесува 1,6 проценти додадена вредност во еврозоната. Меѓутоа, Келер истакнува дека токму тоа губење би можело да биде надоместено со замена на трговски партнер.

Но, не е сè така позитивно за Европа. Освен потенцијалниот позитивен расплет по Европа, експертите на Barclays предвидуваат дека негативното расположение ќе има и негативен ефект на европската економија, и дека еврозоната пред се би можела да западне во “индустриска рецесија” поради намалената глобална деловна доверба.

Извор: denar.mk

 

Лограње

X

Регистрација