Гевгелија ќе добие станица за следење на аерозагадувањето
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/20/19 12:17 PM

Гевгелија ќе добие станица за следење на аерозагадувањето

Во рамки на проектот за развивање и имплементација на здравствениот индекс, кој е финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, наскоро Гевгелија ќе добие мониторинг-станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Главната цел на проектот е да се подобри управувањето и заштитата на прекуграничната област преку формирање на мрежа за мониторинг на амбиенталниот воздух.

– Специфичните цели се однесуваат на проценка на ризиците врз здравјето на луѓето поврзани со мерењата на квалитетот на воздухот, подготовка на евалуација на условите во прекуграничниот регион во врска со квалитетот и загадувањето на воздухот и креирање на алатка за делување како и дистрибуција и комуникација на резултатите од проектот до засегнатите страни и јавноста, рече Бојана Станојовска Пецуровска од Центарот за климатски промени, на информативниот состанок што се одржа во Гевгелија.

Присутните на состанокот разговараа за моменталната состојба со аерозагадувањето во Гевгелија, причините кои доведуваат до тоа и за тоа што може да се направи тие да се намалат во интерес на подобрување на квалитетот за живот во општината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7