– ММС
Вести Македонија

Македонија ќе добие датум за преговори наесен

Македонија ќе го добие датумот за старт на преговори оваа есен и затоа потребно е оваа Влада да продолжи со работа. Премиерот Заев не треба да го врати мандатот и не треба да има предвремени избори кои би можеле да продуцираа евентуална политичка криза, смета германскиот амбасадор Томас Герберих. Тој смета дека Владата во изминативе две години дала одлични резултати кои влијаеле на стабилноста на државата но и на регионот.

Германскиот амбасадор смета дека Владата направила се што е потребно за пристапување кон Унијата и дека во моментов единствена пречка се некои технички проблеми кај одредени држави членки кои ќе бидат решени наскоро. Тој нагласи дека дтатат за преговори Македонија ќе ја добие наесен.

Околу одлуката за старт на преговорите во пакет со Албанија, Герберих вели дека мора да се преиспита поради последниот развој на настаните внатре во државата но и одлуката на Холандија но нагласи дека неговиот став е дека пристапувањето кон Унијата најдобро би било да оди во пакет.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние пак не сакаше да коментира дали евентуалната победа на Мицотакис на претстојните избори во Грција може да го загрози Преспанскиот договор. Тој повторно порача дека задачата на нашата Влада е да ги спроведува реформите.

Герберих и Тимоние истакнаа дека Преспанскиот договор има историска димензија и е одличен пример за решавање на конфликт на мирен начин и храбар начин. Тие нагласија дека нивното присуство исто така е симбол бидејќи пред 100 години француските и гермнаските војски стоеа едни спроти други на военото поле токму во овој регион а денеска се пријатели.

Лограње

X

Регистрација