– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Крушево и Демир Хисар добиваат свои регистарски ознаки на возилата

МВР го одобри барањето на граѓаните од Демир Хисар и Крушево за добивање сопствени регистарски ознаки на возилата. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.

Од МВР информираат дека е донесена одлука за изменување на правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

Лограње

X

Регистрација