– ММС
Спорт Фудбал

Македонија со пад од пет места на најновата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентациjа на Северна Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија. Северна Македонија заедно со Кина ја дели 73-тата позиција на новата ранг листа.

Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет сѐ уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски следниот меч го игра против Израел на петти септември.

Лограње

X

Регистрација