– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Умерено зголемена фреквенција на возила на Деве Баир

Фреквенцијата на возилата кои од утринава поминале низ граничниот премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир е незначително зголемена во однос на претходните денови.

Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир, информираат дека иако е продолжен викенд, не се зголемил значително бројот на возила и патници кои ја минуваат границата.

– Нема задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата, а од утринава не се забележани ниту поголем број автобуси кои патуваат кон туристичките центри во соседна Бугарија. Речиси ист број возила влегуваат и излегуваат од државата, со што очекуваме во текот на денот да не се надмине стандарднат бројка на возила кои циркулираат во двата правци, околу 5.000 – соопштија надлежните од ПС за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

Просечниот број возила кои минувале низ овој граничен премин за време на изминатите празнични-продолжени викенди годинава, достигнувал и до 9.000 во текот на едно деноноќие.

Лограње

X

Регистрација