ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/13/19 5:45 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Не добивме датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион.Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации, реагира ВМРО ДПМНЕ.

-Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев.Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси.Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7