– ММС
Вести Македонија

Јавна дебата за локална статегија за млади

Општина Тетово ќе добие Младинска локална стратегија за период од две години. Преку повеќе активности Здружението Мултикултура прибира податоци кои се главните потреби на младите во градот, а стратегијата би придонела за нивно решавање.

Со цел подобрување на животот на младите во градот, Здружението Мултикултура подготвува Младинска локална стратегија на Општина Тетово 2020 – 2022. Денес се одржа прва јавна дебата на која призлегоа препораки за нејзината содржина. Од досегашните активности на Здружението, произлегува дека на младите најмногу им недостасуваат можности за вработување.

– Процесот на креирање на стратегијата за млади на општина Тетово почна во септември 2018, кога имавме неколку активности кои ни беа како индикатор што треба да опфати оваа стратегија. Имавме прашалник за 1 000 млади од општина Тетово за да видиме кои се нивните потреби и проблеми, а потоа имавме состаноци со фокус групи и локалната власт. Заклучивме дека стратегијата треба да се фокусира во неколку области – спорт и култура, образование, младински активизам и младинска информираност. На младите најмногу им недостасуваат можности за вработување, а кај нив постои голема неиформираност за можностите за учество во процесите на донесување одлуки, рече Егзона Абди, проектен менаџер.

До конечната верзија на Младинската локална стратегија треба да биде организирана уште една јавна дебата, а потоа драфт верзијата ќе биде достапна и за предлозите и забелешките на граѓаните, така што до крајот на август таа треба да биде одобрена од Општината.

Зоран Димовски

 

Лограње

X

Регистрација