– ММС
Вести Македонија

Заврши средбата Меркел – Заев во Брисел

Премиерот, Зоран Заев претпладнево во Берлин имаше четириесетминутна средба со германската канцеларка Ангела Меркел на која, според најавите, една од клучните теми требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ.

По состанокот немаше изјави за медиумите. Засега нема официјални информации кои се пораките од Меркел за очекувањата на Владата во Скопје за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.

Пред денешната средба со Меркел, премиерот Заев синоќа од средбата со германските стопанственици во Берлин порача дека одлагањето на почетокот на преговори со ЕУ за земјава ќе има негативни последици, ќе ја доведе во прашање стабилноста на владејачката коалиција туку и ќе го дополни со гориво ултранационализмот. Заев кажа дека Владата очекува отворање на пристапните преговори со ЕУ овој јуни, како што е запишано во заклучоците од Советот на ЕУ од минатата година.

 

Лограње

X

Регистрација