– ММС
Забава

Македонски моден дизајнер креираше црна асиметрична тоалета на Ева Лонгорија

Актерката Ева Лонгорија предизвикала големо внимание на премиерата на новата серија на Еј Би Си „Grand Hotel“ која со емитуавње треба да започне на 17 ти јуни. Атрактивната црномуреста актерка докажала дека црниот фустан никогаш не излегува од модата, појавувајќи се на црвениот тепих во Мајами во прекрасната тоалета со потпис на австралискиот дизајнер со македонски корени, Тони Митичев.

Ева Лонгорија е една од режисерите на новата Еј Би Си серија „Grand Hotel“. Дејствието го следи приватниот и професионалниот живот на вработеното семејство во Мајами, а веќе е потврдено и дека славната „очајна домаќинка“ ќе се појави во некоја од епизодите.

44 годишната актерка и се придружила на екипата за време на премиерата на серијата во Мајами, и заблескала во прекрана црна тоалета на едно рамо со асиметричен крој со кругови кои се протегаат по работ на тоалетата. Станува збор за креација на талентираниот австралиски дизајнер Тони Митичев чии родители за време на војната се отселиле од Македонија која тогаш беше дел од Југославија.

Убавата актерка благодарение на тоалетата со потпис на Матичев, но и сензационалната фигура која успешно ја повратила по раѓањето на нејзиниот син Сантијаго кој го има со сопругот Џосеф Пепе Бастон, ги украла сите погледи на црвениот тепих.

Целокупниот стајлинг, Лонгорија го зачинила со класични црни сандали на висока потпетица со потпис на Gianvit Rossi, додека косата за оваа прилика ја собрала во ниско репче.

Моментот на Ева не го украла ниту убавата португалска актерка и блиска пријателка на Лонгорија, Роселин Санчез, која глуми во претходната серија каде се потпишува Ева Лонгорија.

Лограње

X

Регистрација