– ММС
Вести Македонија

14 годишно девојче се удави во базен во Битола

14 годишно девојче од Битола се удави на базенот „Довлеџик“ на излезот од градот. Како што пренесува Нова Макдонија несреќата се случила утринава кога две девојчиња  на возраст од 14 години почнале да се туркаат крај базенот, и во еден миг паднале во него. Едното кое не знаело да плива го фатило паника, но веднаш интервенирале присутните и го извлекле живо и здраво. Во мешаницата која настанала, останува нејасно како никој не го забележал второто девојче, за кое се тврди дека знаело да плива, но кое од неразбирливи причини потонало на дното на базенот и таму останало, пренесува Нова Македонија.

Дури откако се расчистила мешаницата, безживотното тело било забележано и извлечено, но веќе било доцна за да му се помогне.

Засега не се соопштува идентитетот на удавеното девојче, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

Лограње

X

Регистрација