– ММС
Вести Македонија

“Phishing” емаил пристигнуваат на клиентите на Охридска Банка

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка Сосиете Женерал и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, информираат од банката.

„Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти) добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив. Ве советуваме, да не го отворате прилогот на пораките пристигнати од меил адресата ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитите од злоупотреба на Вашите податоци. Доколку во меѓувреме сте го отвориле прилогот потребно е да се консултирате со ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат“, стои во соопштението.

Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

Лограње

X

Регистрација