– ММС
Вести Свет

Хрватска: Пчели усмртиле жена, нејзините синови од пчеларот ќе земат отштета од речиси 100.000 евра

Судот во хрватскиот град Копривница со првостепена пресуда ги задолжил пчеларот Раде Трбоевиќ од Петриња и неговиот син Жељко да платат 700.000 куни (речиси 95 илјади евра) отштета и судски трошоци поради смртта на Барица Митановиќ (74) од Штеглинц кај Копривница, која во 2012 година до смрт ја избоделе пчелите на Трбоевиќ.

Како што се наведува во пресудата, синовите на Барица ќе добијат 534.000 куни отштета и повеќе од 150.000 куни за судските трошоци, пишуваат хрватски медиуми.

Околу 90 кошници со пчели се наоѓале преблизу до полскиот пат во 2012 година кога по него поминувала Барица Матановиќ. Кога ројот ја нападнал, Барица паднала на земја. Била избодена повеќе од илјада пати. Морале да дојдат и пожарникари, кои со шмркови успеале да ги избркаат пчелите од телото на несреќната жена, која по неколку дена починала во болница од убодите.

Лограње

X

Регистрација