– ММС
Вести Свет

Чувала мечка во станот како да е куче

Вест за верувале или не од Куала Лумпур, главиот град на Малезија. Една 27-годишна жена е уапсена бидејќи во својот дом во колективна станбена зграда чувала мечка, за која првин мислела дека е куче.

Таа пред полицијата рекла дека шестмесечната мечка ја нашла осамена покрај пат, па ја зела да се грижи за неа. Бидејќи уште не била голема, мислела дека е куче.

Уште пред два месеца соседите од станбената зграда во Куала Лумпур слушале необични звуци некаде од повисоките катови. Неодамна, еден ден на прозорец виделе животно слично на мечка. Првин помислиле дека некој само се шегува, но еден станар го снимил животното како гледа од прозорецот и очајно завива.

Се покажало дека навистина се работи за мечка.

Лограње

X

Регистрација