– ММС
Вести Свет

Низ Виена тргнаа првите автобуси без возач

Пред неколку дена во сообраќај се пуштени првите два автономни автобуса на електричен погон на виенското претпријатие за јавен превоз. Делницата на новата линија опфаќа десет станици во дел на главниот град на Австрија, а возењето е бесплатно за сите. Од безбедносни причини, стоење во автобусите ќе нема, па патниците се возат само во седечка положба.

Секој автобус има 11 места за седење, од кои десет се за патници, а едно за специјално обучен оператор, кој мора да биде присутен. Операторот во возење се вклучува само во случај на ненадејни препреки или бариери на патот, кога возилото треба да го пренасочи на алтернативен правец.

Во производството на двата автономни автобуса се вложени еден и пол милион евра.

Лограње

X

Регистрација