– ММС
Вести Македонија

Заглавени македонски туристи со часови чекаат авион за Египет

Повеќе од 150 македонски туристи со часови чекаат да полетаат за Египет на аеродромот Скопје, откако компанијата „Онуе ер“ не испратила авион во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада.
Патниците се изреволитирани и размислуваат да поднесат тужби против агенциите.Иако им било најавено дека ќе полетаат по 10 часот, според известувањето на аердромот, авионскиот лет е одложен.
На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

Лограње

X

Регистрација