– ММС
Вести Македонија

Премиерот Заев чека ЕУ да го исполни ветувањето

Тоа што Европската унија и го вети на Македонија сега треба да го исполни.

Ова го кажа премиерот Заев во синоќешната емисија „Отворено“ на ТВ24 од каде што потенцираше дека ќе има јасна определба кога земјава ќе добие датум за преговори.

„Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули“ – кажа Заев, додавајќи дека детални информации ќе има веројатно по состанокот со канцеларката на Германија.

Според премиерот ако сега не дојде признанието за Македонија со датум датум за отворање на поглавјата, тогаш ќе се доведе во прашање кредибилитетот на ЕУ.

Тој посочи и дека позитивна одлука ќе биде плус мотив за земјиве од регионот, а негативната ќе значи враќање на сцена на радикалните националистички сили и интересот на трети страни.

Лограње

X

Регистрација