– ММС
Вести Македонија

„Почувствувај го Скопје” – меѓународна конференција за туризам

Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје” („Feel Skopje”) во организација на НВО „Концепт плус” ќе се одржи денеска во Скопје.

Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри промоцијата на Скопје и нашата држава во светски рамки, како подобро да се привлечат повеќе посетители и да се добие повеќе внимание и простор во странските медиуми.

Конференцијата е дел од проектот и порталот visitskopje.mk, а ќе се промовира и новиот портал visitmacedonia.eu кој ќе има за цел да ја промовира нашата земја како посакувана туристичка дестинација.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат пет интернационални говорници од пет држави.

МИА

Лограње

X

Регистрација