– ММС
Вести Македонија

Захариева: Гоце Делчев е Бугарин, без договор за чествувањето ќе ја напуштиме мешовитата комисија

Без договор околу датумот за заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарија нема да учествува во заедничката комисија со Северна Македонија – децидна е бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Според неа, Бугарија нема да го прифати датумот што го предлага македонската страна, а тоа е седми октомври.

„Јас и седниците на комисијата и на прес конференција кажав дека не сакаме ништо повеќе од вистината – не се прави компромис со вистината. И Гоце Делчев го кажал тоа дека е Бугарин. Ние им ја знаеме историјата. Целото сфаќање на нацијата им е создадено врз основа на одделувањето од Бугарија и тоа што, според мене, е апсурдно е датумот за чествување на споменот на Гоце Делчев. Да потсетам дека македонскиот премиер Зоран Заев беше тука на 4 февруари, кога заедно со Бојко Борисов го одбележуваа споменот на Гоце Делчев“, истакна Захариева претпладнево во интервју за една од бугарските телевизии.

„Повеќето Бугари не ни слушнале за датумот 7 октомври – тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршени од БКП (Бугарска комунистичка партија) кога по 1944 година, под притисок на Сталин и Тито ги признаа Македонците како Бугари и во конкретната 1946 на 7 октомври тоа и се случи – нема зошто и не може да го чествуваме тој датум“, децидна е шефицата на бугарската дипломатија.

Бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов им порача на властите во земјава дека немаат алтернатива освен да ги прифатат вистинските историски факти ако сакаат да влезат во Европската унија и во НАТО.

Изјавите на Захариева и Каракачанов предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи.

Пријателски договор со Бугарија, за жал, се’ уште само по себе е оксиморон.

Историјата се пишува врз основа на факти и аргументи, а не по желби на Ципрас, Борисов, Каракачанов и Захариева .

Да им ги исполниме сите желби на комшиите, да им дадеме се што сакаат, нека се вметне во устав дека сме измислени во 1991 и конечно да ideme napret –  се дел од коментарите на Твитер заедницата во земјава.

Лограње

X

Регистрација