– ММС
Вести Македонија

Четири комунални претпријатија набавиле метларки од фирма на Анѓушев – тврди опозицијата

Четири комунални претпријатија од Штип, Радовиш, Кочани и Општина Центар склучиле договори за набавки на метларки произведени во фирмата „Брако“ на Анѓушев. Ова го тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира дека додека граѓаните осиромашуваат, фирмите на Анѓушев „цветаат“ со народни пари.

Имено вкупно 240 илјади евра народни пари за половина година се инкасирани во џебот на Анѓушев преку фирмата „САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци”, која е дистрибутер на овие метларки, идеална шема за собирање на народните пари. Да потсетиме дека Кочо Анѓушев за овие возила веќе еднаш од државата доби бенефиции, односно царински поволности за литиум-јонски батерии за електрични возила произведени од „Брако“, а сега и општините се подредени на список за набавка на овие возила токму од фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев – посочи  партискиот портпарол, Димче Арсовски денеска на прес конференција.

Лограње

X

Регистрација