Со полумаратонот „Струмица на улица“ синоќа беше означен почеток на „Струмица ОПЕН фестивал“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/10/19 1:03 PM

Со полумаратонот „Струмица на улица“ синоќа беше означен почеток на „Струмица ОПЕН фестивал“

Синоќа со полумаратонот „Струмица на улица” беше означен официјалниот старт на Струмица ОПЕН фестивал. На интернационалното и спортско отворање на манифестацијата трчаа вкупно 427 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Велика Британија, Португалија и Словенија.


„Драго ни е што бројот на учесници е дупло поголем од минатата година. Трчаа претставници на многу локални компании, многу рекреативци од Струмица и цела земја. Особено ни е драго што „Струмица на улица” во својата втора година од одржување имаше 50-тина интернационални учесници”, вели Миле Ѓеоргиев од Културен забавен живот.


Вечерва со Street Summer Jam на танцовото студио ONE WAY продолжува програмата од осмото издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал која годинава ќе трае до 18 aвгуст. Во три месеци ќе бидат распоредени 27 настани од областа на спортот, културата, едукацијата, уметноста, литературата и музиката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7