ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/10/19 9:24 AM

Скопските и битолските сообраќајци откриле 73 возачи без дозвола

Во само три дена, (07, 08 и 09.06.2019 година) Сообраќајната полиција на  Скопје и Битола, во редовните контроли, санкционирале возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената, на наишле и на возачи без возачка дозвола. Во Скопје 48 возачи управувале возило без дозвола, додека Битола се најдени 25.

Секторот за внатрешни работи Скопје од сообраќај исклучи 33 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 191 мандатен платен налог и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот (07/08/09) јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 848 возачи , од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 12 возила, брзината ја надминале 114 возачи, четири возачи не користеле сигурносен појас, а еден зборувал на мобилен телефон при управување на возило, соопштија од МВР.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1