– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

На граничните премини без подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради оштетување на мостот во село Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за тешки моторни возила.

МИА

Лограње

X

Регистрација