– ММС
Вести Култура

Во Пелинце заврши првата летна школа за поезија, проза и драма

Заврши летната школа за поезија, проза и драма во Меморијалниот центар Пелинце, на која од трети до седми јуни учествуваа срдношколци од Куманово, Кратово и Крива Паланка. На манифестацијата, на која присуствуваа претставници од училиштата и локалната власт, учениците презентираа модерни творби што ги обединуваат трите литературни рода и го оживуваат ликот на кумановскиот крал Карпош.

„Предавањата ги држеше професорот Венко Андоновски. Наша интенција е оваа школа да прерасне во традиционална, да се одржува секоја година, да го поддржува и развива талентот кај средношколците за пишување литература и љубов кон македонскиот литературен јазик“, изјави Соња Тодоровска, член на комисијата за образование во Советот на Општина Куманово.

Летната школа за поезија, проза и драма се организира во рамки на програмата за одбележување на 500 години од постоење на градот Куманово, под покровителство на градоначалникот и советот на општината.

 

Лограње

X

Регистрација