– ММС
Забава

Дефинитивно крај помеѓу Купер и Шајак: Таа си ги спакува куферите

Изгледа крајот се гледа. Ирина Шајак фотографирана како изнесува куфери од вилата во која живеела со Бредли Купер. По се изгледа тие двајца одлучиле да стават крај на нивниот заеднички живот и брак.

Дека актерот Купер и манекенката Шајак имаат сериозна брачна криза пишуваат сите светски медиуми, а сега убавата манекенка е фотографирана како со куфери го напушта нивното љубовно гнездо.

Ирина се иселила од вилата во која жиееа заедно со Бредли во Лос Анџелес, а со неа манекенката  ја повела и  нивната ќерка Ле Ди Сен која има две години.


„Не се во добри односи веќе неколку месеци, ша таа одлучила дека најдобро би било да  се пресели во нејзиниот стан. Изгледа парот нема да останат заедно во врска“, изјавил избор близок до манекенката.

Да потсетиме дека Бредли и пејачката и актерка Лејди Гага имаа романтичен настап на доделувањето на Оскари, а нивните погледи и допири предизвикаа лавина коментари. Купер со Гага го снимија филмот „A star is born“.

Лејди Гага раскинала со свјот вереник Кристијан Гарин, но демантираше дека е во врска со Бредли Купер, тврдејќи дека заедничкиот настап на доделувањето на Оскарите било само глума.

Лограње

X

Регистрација