– ММС
Вести Свет

Флорида: Мислела дека е провалник, но во кујната и’ влегол трииполметарски алигатор

Провалникот кој деновиве разбил прозорец на кујна од семејна куќа на Флорида, САД, и „средил“ неколку шишиња црно вино бил алигатор, соопшти тамошната полиција.

Сопственичката на куќата рекла дека се шокирала кога, откако слушнала сомнителни звуци и помислила дека се работи за провалник, во својот дом го видела огромното животно што полека се движело низ кујната. Веднаш се скрила во спалната соба и повикала полиција.

Според полицијата, виновник за штетата е алигатор долг 3,4 метри. Биле потребни два часа за да се совлада. Во операцијата учествувале десетмина полицајци и двајца професионални ловци на крокодили. Никој не е повреден.

Лограње

X

Регистрација