– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Привремен сообраќаен режим на „Димитрија Чуповски”

На улицата „Димитрија Чуповски”, во центарот на Скопје, денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи, информираат од Град Скопје.

Поради асфалтирање на улицата „Димитрија Чуповски”, на потегот од крстосницата со булеварот ВМРО до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски” денеска почнувајќи од 7 часот наутро па до 7 часот утре ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу” и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски Питу” кон Центар.

Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу” ќе мора да вртат десно на крстосницата на булевар „ВМРО” со улицата „Димитрија Чуповски” и да возат кон булеварот „Партизански одреди”. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски Питу” кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.

Исто така, возилата што се движат по улицата „Васил Главинов” кон крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски” ќе можат да одат право кон булеварот „ВМРО” и лево кон Центар. Вртењето во десно, за нив ќе биде забрането.

Во сабота, 8 јуни, пак, со почеток во 7 часот наутро до 7 часот на  9 јуни ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата Димитрија Чуповски, и тоа две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски Питу – Центар  и една лента во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу”.

Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу” ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски Питу” кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски”. Исто така, вртењето во десно од булеварот „Свети Климент Охридски” кон улицата „Димитрија Чуповски” ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.

 

Лограње

X

Регистрација