ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/19 8:06 PM

Каракамишева повикува членки на ЕУ да не и’ дадат датум на Македонија

Професорката на Парвниот факултет во Скопје и претставник на Македонија во Веницијанскта комисија, Тања Каракамишева, ги повика земјите членки на ЕУ, како Франција, Германија, Данска и Холандија да не определат за земјава датум за почеток на преговорите. Недавањето датум според неа, може да предизвика пад на владата на Заев, односно посакуваните нови избори.
-Франција, Германија, Данска и Холандија останете истрајни во одлуката, помогнете ни!

Човеков МОРА да го врати мандатот, човеков, како и оваа влада МОРА ДА ПАДНАТ! По сите доживеани неправди МОРА да си ја вратиме татковината ВО НАШИ РАЦЕ! НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!, напиша Каракамишева.

Ако Македонија не добие датум за преговори со ЕУ, едно од сенаријата е враќање на мандатот и предвремени избори, најави премиерот Зоран Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7