– ММС
Вести Македонија

(ФОТО) На новиот автопат Штип – Миладиновци прегазено куче предизвика сообраќајќи

Автомобил бил оштетен откако претрчало куче на автопатот Штип – Миладиновци, пред клучката за Свети Николе. Како што јавува слушател на Канал 77, оштетеното возило е тргнато со шлеп служба, меѓутоа, прегазеното куче останало на автопатот и во меѓувреме, во него удриле уште три возила.

Немаше кој да го тргне мртвото куче, вели слушателот. Возачите се обиделе да го информираат ЈП „Македонија пат“, меѓутоа, кога се јавиле во инфо службата, никој не одговорил. На крај, возачите сами го тргнале кучето.

Останува апелот на зголемена внимателност на автопатот, особено во делот кај Свети Николе, каде на делови покрај патот има куќи. До куќите има поставено заштитни звучни бариери, но, на делови овие бариери се отворени за директен излез на жителите на куќите до автопатат. Веројатно, кучето е од една од куќите.

Лограње

X

Регистрација