– ММС
Кошарка Спорт

Конкурс за ангажирање лица за помош при организација на ЕП (Б) за кошаркарки до 18 години во Скопје

Кошаркарската федерација на Северна Македонија во периодот од 3 до 14 јули ќе биде организатор на Европско првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра во Скопје, учество ќе земат 23 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниорки.

КФСМ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.

Отворени позиции:
– Одговорни лица за репрезентации (22 позиции)
– Одговорни лица за хотел (8 позиции)
– Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
– Лице за работа со разглас (DJ) во спортска сала (3 позиции); музиката е обезбедена од организаторот
– Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (3 позиции)

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“, како и да ја наведат позицијата за која аплицираат, најдоцна до 12.06.2019 година.

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Лограње

X

Регистрација