ММС

Објавено на: 06/5/19 2:56 PM

Ријана и официјално најбогата музичарка во светот

Пејачката и претприемачка Ријана ја симна Мадона од тронот и стана најбогатата жена во музичката индустрија.

На листата на „Форбс” на најплатените жени кои сами го стекнаа своето богатство оваа година тронот го зазеде Ријана.

Овој успех таа го постигна благодарение на тоа што пред неколку години ја основа успешната козметичка компанија „Фенти бјути“, го лансираше брендот за долна облека Savage x Fenty, а пред неколку недели стана дизајнер на луксузна облека и модни додатоци „Фенти“ поради кој исто така се запиша во историјата.

Со своите достигнувања и банковна сметка од 600 милиони долари Ријана ја надмина Мадона (570 милиони долари), Селин Дион (450 милиони долари), Бијонсе (400 милиони долари) и Тејлор Свифт (360 милиони долари).

Извор: denar.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.