ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/5/19 2:39 PM

Почна „Одлучен удар“, најголемата вежба организирана досега во земјава

На армискиот пиолигон „Криволак“ денеска почна теренската вежба „Одлучен удар“ на кој ќе учествуваат околу 2.700 војници од земјава и од пет држави партнери во НАТО.

Вежбата ја отвори заменик министерот за одбрана Беким Максути, во присуство на в.д. амбасадорот на САД Микаела Швајцер-Блум и други гости.

– „Одлучен удар“ е досега е најголема вежба која ја организира нашата армијата која вклучува и армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и се случува во вистинско време, време во кое мојата држава е исклучително горда на постигнатото, истакна Максути.

Наведе дека фактот што над 2.700 припадници на армиите на земјите учеснички ќе бидат дел од комплексната вежба уште еднаш го потврдува мислењето на Алијансата и на сојузниците дека Северна Македонија е подготвена и има капацитет и искуство да организира и координира вежби и обуки од големи размери.

-На нашите сојузници учесници на вежбата сакам да им порачам дека и со оваа вежба и со приемот на Северна Македонија во Алијансата вие добивате искрен и посветен сојузник кој покажа дека знае сериозно да им пристапи на сите предизвици и знае да донесе тешки и храбри, но вистински одлуки кои влијаат на безбедноста на регионот и на евроатлантската област, посочи Максути.

Тој истакна дека НАТО добива сојузник кој цврсто верува во нејзините вредности и кој знае да се бори за демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото, сојузник кој знае дека живеењето и применувањето на тие вредности е основата за развој на едно современо, демократско европско општество. На војнциите од армиите на НАТО им порача да бидат максимално посветени, отворени едни кон други, да учлат, да се запознаваат и да се поддржуваат.

 

– Додека се подготвуваме да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, пригодно е што одлучен удар се случува овде на Криволак. Оваа вежба е моќен пример за тоа како вашите воени сили се подготвуваат да станат сила во НАТО. Подготвена да работи со сојузничките војски на НАТО и да се справува со идните закани. Вежбата исто така е доказ дека Северна Макеоднија веќе придонесува во Алијансата, потенцира в.д. амбасадорот на САД Микаела Швајцер-Блум.

Посочи дека мултилатералните вежби како „Одлучен удар“ играат важна одлука во зајакнувањето на нашата заедничка безбедност.

-Тие овозможуваат нашите армии да може да комуницираат и да изведуваат заеднички операции. Исто така ги поврзуваат нашите војници градејќи меѓусебно разбирање и лични врски што траат и сите нас не прават посилни, рече Швајцер-Блум.

Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, кажа дека времето што претстои во рамки на вежбата ќе биде искористено за целосно исполнувањње на планвоите  за обуките, за извежбување за размена на искуства и за споделување на вештини и знаења.

-Од Криволак ќе испратиме силна порака за стабилност и безбедност во регионот и Европа, рече генерал Арсоски.

„Одлучен удар“ ќе трае до 9 јули. На вежбата ќе има 26 настани, 96 задачи и 13 тактички вежби со боево гаѓање со пешадиско оружје, артилерија и хеликоптери.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7