– ММС
Вести Македонија

Ќе се уредуваат планинарски патеки во Пијанец и Малеш

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ и огранокот ПСК „Сосна“ од Берово, започнуваат активност за уредување и поставување на планинарска патека на планината Средна, како и за уредување на локалитетот „Истевнички Кукуље“. Претставувајки го проектот, претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски, истакна дека станува збор за проект за кој ПСК „Голак“ аплицирал, по претходно распишан оглас од страна на Општина Делчево и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот.

-Проектот кој во целост беше прифатен и одобрен се состои од две фази. Во првата фаза од проектот, со финансиска поддршка на Општина Делчево, предвидено е уредување и поставување на планинарската патека, која почнува од село Нов Истевник (Балабанска маала), потоа преку Истевничките Кукуље ќе поминува на врвот Бејаз Тепе 1348 м.н.в. кој е највисок врв на планината Средна и ќе заврши во село Разловци, со вкупна должина околу 13 километри, соопшти Чучуковски.

Во рамки на проектот, како што дополни, ќе бидат поставени информативни табли со технички податоци за патеката која ќе биде обележана со содветна Књефелцова маркациј

Активностите во рамки на вториот проект кој ќе се финансира со финансиска поддршка од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот ќе бидат насочени кон уредување и поставување на реквизити на природниот феномен „Истевнички Кукуље“.

-Во рамки на иститот ќе бидат поставени големи дрвени маси со вградени клупи, канти за отпадоци како и голем летниковец со маса и вградени клупи, од каде ќе можат да се фотографираат Кукуљето. Проектот е многу корисен за туристичката понуда во Општина Делчево, бидејќи со него ќе се опфатат природни реткости (Кукуљето), врвови, како и културно историски моменти (село Разловци), дополни Чучуковски.

Ова е прв ваков проект во Брегалничкиот регион, а од ПСК „Голак“ истакнаа дека во наредниот период ќе следуваат и други вакви интересни проекти се со цел на збогатување на туристичката понуда во Брегалничкиот регион.

Валери Спасевски

 

Лограње

X

Регистрација