ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/3/19 7:32 PM

Бранко Црвенковски се активира

По подолга пауза од јавниот живот, поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски утре организира регионална конференција за проширувањето на ЕУ. Во соопштението од кабинетот на Црвенкоски најавуваат дека обезбедувањето на поддршка за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ е еден од темелите на политиките на Подгоричкиот клуб, којшто е насочен кон дефинирање на заедничка „Визија за Западниот Балкан до 2030“ и „Нов наратив за Западниот Балкан“. Членови на Подгоричкиот клуб, формиран на 1 февруари 2019 година, се поранешни претседатели и премиери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На конференцијата свое присуство, покрај поранешниот претседател Црвенковски како домаќин, најавија и поранешните претседатели на Албанија Алфред Мојсиу и Реџеп Мејдани, поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ, поранешниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу, поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк, поранешниот премиер на Србија Мирко Цветковиќ, како и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија.

Конференцијата ќе започне со поздравно обраќање од страна на претседателот на Република Северна Македонија,  Стево Пендаровски, а премиерот  Зоран Заев вечерва организира прием и вечера за членовите на Подгоричкиот клуб.

На конференцијата ќе биде усвоена заедничка декларација за важноста од донесување на позитивни одлуки на претстојните состаноци на Советот, а која ќе биде упатена до највисоките претставници на Европската унија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1