– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Бесплатен превоз до скопскиот аеродром за пречек на ракометарите на Вардар

ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен – соопшти прес службата на ЈСП Скопје.

Планирано е доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус.

Лограње

X

Регистрација