– ММС
Вести Македонија

Националната стратегија за едно општество претставена во Кавадарци

Да се напуштат стереотипите и секој да придонесе за јакнење на општеството, без да има дискриминација по кој било основ. Ова е пораката која денеска од Кавадарци ја испратија учесниците на дебатата за Националната стратегија за концептот едно општество. Според нив, доминантна во земјава е партиската дискриминација, а потоа следи и етничката.

Целта на Националната стратегија, која денеска беше претставена пред граѓанскиот сектор, е преку дијалог да се создаде општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднаков. Воедно се нудат и насоки за напуштање на поделбите по политичка припадност на наши и ваши.

„Националната стратегија е првата сеопфатно владина меѓу ресорска стратегија која треба да направи промена во нашето општество. Она што го констатираа извештаите на сите релевантни меѓународни институции,  а она и ние што го знаеме и секојдневно го доживуваме,  дури и славењето на величествената  победата на Вардар синоќа е дека сме поделено општество по сите линии, партиски, етнички, по основа род. Оваа стратегија во седум  области – медиуми, култура, млади, социјална кохезија, пред се’ во образованието и во правната рамка на државата, се обидува да ја подобри таа ситуација и да предложи мерки со кои ќе се намалат тензиите, да се намалат поделбите“, вели националниот координатор за развој на културата и меѓу ресорската соработка, Роберт Алаџозовски. Тој нагласи дека различностите не смеат да бидат основ за дискриминација,  ниту за говор на омраза.

За концептот еднакво општество за сите,  дебатираа државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, Александар Кржаловски од МЦМС и Љупчо Бубо Каров – медиумски работник.

 

 

Лограње

X

Регистрација