ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/2/19 6:56 AM

„‘Вардар‘ е вонземски… За жал, се’ што е добро на Балканот трае кратко“ – балканските медиуми по синоќешниот триумф на „Вардар“

 

„Овој ‘Вардар‘ е нешто посебно, нешто вонземско. Со толку проблеми и без плата, а луѓето гинеа на паркетот. Немам зборови, ова е гордост, гордост за целиот Балкан. За жал, се‘ што е добро на Балканот трае кратко“.

Ова е само еден од коментарите на читател на балканските медиуми, кои синоќа беа полни со текстови, фотографии и снимки за големата победа со неверојатен пресврт на „Вардар“ над „Барселона“. Најмногу такви интересни коментари под новинарските извештаи на медиумите од мечот имаше од вљубениците во спортот во Хрватска и во Србија.

„Богатиот Русин вложуваше со години во ‘Вардар‘, па се откажува. Сега слушам локални македонски бизнисмени ќе помагале, па пак има шански да гледаме врвен ракомет“; „Неверојатен ‘Вардар‘. Второ финале во трета сезона и веројатно гаснење на клубот. Жално и тажно“; „Читам и не верувам. Нервозен престанав да го гледам преносот на 22-15… Кога она… Ма, секоја чест. Имајте срце и во финалето до крај“; „Чекав да победи ‘Барса‘ за да добијам 1.500 куни. Како некој со мокар пешкир да ме удри по глава“; „Те сакам, ‘Вардар‘ – Антон Клансек“, се дел од коментарите на Хрватите.

„Не сум гледал подобар натпревар. Секоја чест на Милосвљев“; „Подвиг на ‘Вардар‘, Милосављев заслужува споменик во Скопје“; „‘Вардар‘ чудесно ја шокираше моќната ‘Барселона‘“; „Ракометот е национален спорт во Македонија, па ќе беше изненадување ако ‘Вардар‘ загубеше“, коментираат Србите под новинарските извештаи во електронските изданија на нивните медиуми.

По вчерашната победа на „Вадар“ над „Барселона“ 29-27 (9-16), денеска од 18 часот во финалето македонскиот шампион игра со унгарски „Веспрем“, кој вчера го победи „Киелце“ со 33-30 (13-13), а од 15.15 часот за третото место силите ќе ги одмерат поразените од вчера – „Барселона“ и „Киелце“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1