ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/30/19 4:46 PM

Предности од возење велосипед

Предностите на возење велосипед во однос на автомобил се бескрајни. Сите зборуваат за нив, но кога треба да дојде практична примена на овој начин на живот, можеби за некој сепак би претставувало проблем.

Еве неколку причини кои се доволно добри да се уверите дека треба да го практикувате велосипедот како превозно средство.

Освен што е докажано дека возењето со велосипед го продолжува животот и носи многу позитивни ефекти за нашето здравје, познато е дека ова превозно средство е еколошки прифатлив начин.

ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ
Во студијата на Андерсон Ларса Боа, која се спроведувала во Данска скоро 14 ипол години и која опфатила околу 30.000 луѓе, откриено е дека луѓето кои возат велосипед во просек три часа неделно го намалуваат ризикот од прерана смрт за 40 отсто во однос на луѓето кои не го користат ова превозно средство.

ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ
Во Перт, Австралија спроведено е истражување под називот „Велосипед 100“ и повикани биле 100 – на луѓе на кои им било дадено задолжение на работа неколку денови во неделата да одат на работа. Нивната здравствена состојба била следена и истражувачите откриле дека нивниот HDL (добар холестерол) се покачил, додека пак LDL (лош холестерол) бил значително намален. Нивната аеробна способност евидентно е подобрена и нивниот ризик од срцеви и мозочни удари се намалил.

НЕМА ДА ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ПАРКИРАЊЕ
Тешко е да се пронајде адвекатно место за паркирање, а плаќањето е уште полошо. Патувајќи на велосипед, можете ефектно да ја избегнете утринската гужва како и нервозата со барање паркинг место.

ЕКОЛОШКИ Е ПРИФАТЛИВ
Официјално, Светскиот ден без автомобили кој се одбележува на 22 –ти септември, но тоа не би требало д абиде единствен ден кога ќе заминете на работа со велосипед. Освен што на овој начин ќе го сочувате и подобрите вашето здравје, исто така ќе делувате за чување на планетата од штетно загадување до кое доведува автомобилот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7