Селекторот на Аргентина за своите играчи: Му ја додаваат топката на Меси и само чекаат
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/29/19 4:00 PM

Селекторот на Аргентина за своите играчи: Му ја додаваат топката на Меси и само чекаат

Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина ќе се обиде да го освои годинешното издание на Копа Америка.

Копа Америка е на распоредот од 14. јуни до 7. јули во Бразил, а „Гаучосите“ имаат огромни очекувања од овој турнир.

Аргентина на триумф во ова натпреварување чека уште од 1993. година. Навивачите во оваа земја сметаат дека конечно дојде ред Лионел Меси да покаже нешто и во националниот тим.

Нема да им биде лесно, а селекторот Лионел Скалони објасни што очекува од своите играчи во првенството.

Очекувано, играта ќе се врти околу ѕвездата на Барселона, но свесен е дека Меси не може се да направи сам.

„Не е никаков проблем што тој мора да ја има топката во нозете, туку проблем е што останатите играчи му ја додаваат топката и чекаат. И останатите мораат да се движат, мораат да ја знаат својата улога. На Лео му треба помош во врвот на нападот“, изјави Скалони.

Меси под негово водство одигра само еден меч. Тоа беше дуелот во кој „Гаучосите“ беа поразени од Венецуела со 3:1.

Токму слабото движење на играчите беше клучно за поразот во овој дуел.

„Почувствував дека останатите играчи мислат дека Лео се сам ќе заврши. Дури по измените работите се променија, играчите додаваа и се движеа. Така треба да работиме и понатаму“, истакна Скалони.

Аргентина на Копа Америка е во групата Б со селекциите на Колумбија, Парагвај и Катар, а првенството го отвораат на 15. јуни против Колумбија.

Извор: sportclub.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7