Зошто овесот спаѓа во суперхрана?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/19 3:00 PM

Зошто овесот спаѓа во суперхрана?

Овесните снегулки често се препорачуваат како главна намирница за хранлив и заситен појадок, како и здраво слатко кои повремено може да го јадете без грижа на совест. Зошто за овесот често се говори како за суперхрана?

Овесот претставува одличен извор на влакна (особено бета-глукан), како и витамини (особено од Б-групата), минерали (манган, железо, цинк, селен и фосфор) и антиоксиданти.

Кога станува збор за позитивните здравствени ефекти, повеќето истражувања покажале дека овесот помага во намалување на нивото на холестерол во крвта, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. За овој ефект на холестеролот заслужни се бета-глукан, влакна растворливи во вода, кои ја забавуваат апсорпцијата на маснотиите и холестеролот од храната.

Влакната растворливи во вода кои овесот ги содржи, заслужни се за долгото чувство на ситост, бидејќи овие влакна го успоруваат празнењето на желудникот и стимулираат лачење на хормонот на ситост. На овој начин овесот помага во контрола на апетитот и регулација на телесната тежина.

Извор: denar.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7