ММС

Објавено на: 05/28/19 8:21 AM

Јувентус за Дибала бара повеќе од 100 милиони евра

Италијанскиот шампион Јувентус ја одреди цената на Дибала на повеќе од 100 милиони евра по гласините дека Баерн Минхен е заинтересиран за неговите услуги.

Како што објави „ТутоЈуве“ баварскиот тим е подготвен да плати за Дибала околу 80 милиони евра, но во Јувентус не се задоволни со таа сума.

Дваесет и петгодишниот Аргентинец во сезоната што измина настапи на 42 натпревара за Јувентус, постигна 10 гола и забележа шест асистенции.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.