ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/19 8:16 AM

Драматично на северот на Косово: Уапсени 13 Срби, војската на Србија на готовс

Во северна Кососовска Митровица утринава се слушнаа сирени за тревога. Припадници на едниницата на косовската полиција РОСУ утринава упаднале во четирите српски општини. Од 6 до 8.30 часот биле уапсени 13 Срби, припадници на Косовската полиција. Косовските медиуми јавуват дека упасени се уште неколку косовски полицајци, но доминираат полицајци од српска националност.Сите се осомничени за вмешаност во организиран кримнал. Двајца припадници на косовската полиција се ранети.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што пишуваат српските медиуми, наредил ставање во полна борбена готовност на сите единици на Војската на Србија. Во полна борбена готовност биле и специјалците и посебните единици на српската полиција.

Голем број граѓани  биле собрани на плоштадот во Косовска Митровица.

Косовската полиција пред малку соопштила дека, и покрај вооружениот отпор во северниот дел на Косовска Митровица, била извршена полициска акција во која се уапсени неколкумина полициски службеници, како и граѓани, осомниени за организиран криминал, криумчарење на стоки и злоупотреба на службната положба.

Српскиот претседател Александар Вучиќ започна интензивни дипломатски активности по упадот на специјалните единици во северно Косово. Како што беше кажано на Танјуг од неговиот кабинет, претседателот на Србија побара од западните политички центри да ја „зауздат“ Приштина и јасно ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етничко чистење во Косово.

Секоја помош и поддршка се очекува од сојузниците, Русија и Кина.

Претседателот Вучиќ ќе зборува за деталите во Српскиот парламент во продолжение на специјалната седница за ситуацијата во Косово, која треба да започне во 10 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7