ММС

Објавено на: 05/25/19 5:19 PM

Штафетата на младоста помина низ Кочани

Кочанското Здружение „Јосип Броз Тито“ со дефиле низ центарот на градот и штафетата на младоста го прослави 25-ти Мај -„Денот на младоста“ и  роденденот на Јосип Броз Тито.

Поворката со капи со познатата југословенска петокрака, маици со грбот на Југославија и ликот на Тито и знамињата на Југославија и на Македонија заврши во центарот, каде се одржа свеченост.  Беше интонирана химната на Југославија „Хеј Словени“ се разви партизанското оро, а се пееја песни посветени на Маршалот Тито и на Југославија.

Пионерите од здружението ја импровизираа  познатата штафета на мадоста, која со години на 25 мај му се предаваше на Тито. Кочанските пионери штафетата  му ја предадоа на Трајче Трендов, кој е претседателот на здружението.

На свеченоста присуствуваа и гости од Србија и Словенија, некогашни братски републики на СФРЈ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1