– ММС
Вести Македонија

Сопственикот на опожарениот стан во Карпош заврши на Токсикологија

Пожарот кој пред околу еден час изби на 16-тиот кат во една од кулите во скопската населба Карпош 4 предмалку е изгаснат, а станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.

Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот, па повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денот.

Според неофицијални информации што ги објавија дел од медиумите, пожарот избувна претпладне околу 10.00 часот од плинска боца.

Од запалениот стан пожарникарите успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.

Голем дел од станарите беа евакуирани од зградата, а пристигнатата брза помош пружи соодветна медицинска нега.

Преземено од:
https://fokus.mk/sopstvenikot-na-opozhareniot-stan-vo-karposh-zavrshi-na-toksikoligija/

Лограње

X

Регистрација