– ММС
Вести Свет

Накит вреден 3,5 милиони евра заборавен во авион

Жена која носела накит вреден 3,5 милиони евра, кој златарска куќа го позајмила на пејачката Рита Ора за настап на филмскиот фестивал во Кан, заборавен е во торба во авион, објавија светските медиуми.

Скапоцениот накит се вратил во Лондон, каде е пронајден, напоменал полициски избор.

Кога на 16 ти мај излегла од авионот во Ница, жената задолжена да го пренесе накитот за пејачката Рита Ора го заборавила во рачната торба заедно со нејзиниот мантил.

„Само некој со главата во облаци може да заборави повеќе милиони во авион“, се пошегувал еден полициски службеник.

Според тој службеник, торбата била вратена на лондонскиот аеродром „Лутом“ од каде авио компанијата го испратила аеродромот „Хитроу“ каде сопствениците на накитот го преземале.

Лограње

X

Регистрација